Престојните активности на ДСР беа тема на синоќешниот состанок. Претседателот на ДСР д- р Шабан Салиу, пред членовите на партијата, повторно потсети дека оваа партија останува во коалицијата “за обнова на Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Од оваа коалиција Ромите очекуваат поголема интеграција. “Оваа партија е единствената ромска партија која се состанува и работи во континуитет без разлика дали има или нема избори” – рече претседателот. Понатаму истакна дека на овие избори очекува ДСР да биде парламентарна партија што ќе им овозможи на Ромите подобрување на социо економската состојба. Свои обраќања пред присутните партиски членови имаа и потпретседателите на партијата Мамудов, Салиу, и генералниот секретар Куртеши.
На состанокот присуствуваа претставници од скопските ограноци, младинската организација и од женскиот актив.