Образование
ДСР ги подржува реформските процеси во сферата на образованието. Целосен опфат за генерациите во основно, средно и високо образование.Покренување на активности мегу Ромите за надминување на проблемите на: неписменост, описменување на возрасните...
Култура
Поттикнување и афирмација на културното наследство на Ромите низ литературата, јазикот, уметноста, науката и медиумите. Грижа за доследно соочување и афирмација на културното наследство на Ромите
Физичко техничката култура и спорт
Генерациите да бидат здрави психофизички личности како особен императив на ДСР затоа во наредниот период низ својата програмска активност ќе го помага организираниот спортски живот
Здравство
ДСР се залага за ефикасна примарна здравствена заштита и услуги, за забрана на трговија со човечки тела и човечки органи, за помош на старите и болните лица, за активност против: дрога, заразните болести и други видови на зависност и заболувања ...
Животна средина
Определувајќи се за европски и светски стандарди на животна средина ДСР се определува на создавање на урбанистички животни средини на живеење во Р. Македонија, а тоа значи и соодветно иницирање на конкретни активности за програмско опфаќање во урбанистички планови и планирања на заедниците и на населените места каде живеат Ромите
Општествената улога на жената
Местото и улогата на жената во семејството е мошне значајна. Затоа ДСР се определува за рамноправност на половите, а со тоа за создавање на услови за еднакво вклучување на жената Ромка во сите процеси на ангажирање - во планирање на семејство - поголемо образование...
Унија на млади сили Роми
Помладокот на ДСР ќе се насочи да ги гаи вредносните принципи на плуралната демократија, мир, толеранција, соживот, натпреварувачкиот дух во полето на културата, науката и техниката при тоа градејќи мостовите на взаемна помош, солидарност и хумано живеење и заедничко дружење
Информирање и медиуми
ДСР се залага за целосна транспарентност на својата работа. Потикнување на развитокот на медиумите на Ромски јазик. Создавање на услови за ефикасно информирање на граѓаните преку летоци и друг вид на информативен материјал за својата работа и политичките ставови