-
Образование
ДСР ги подржува реформските процеси во сферата на образованието. Целосен опфат за генерациите во основно, средно и високо образование.Покренување на активности мегу Ромите за надминување на проблемите на: неписменост, описменување на возрасните…
-
Култура
Поттикнување и афирмација на културното наследство на Ромите низ литературата, јазикот, уметноста, науката и медиумите. Грижа за доследно соочување и афирмација на културното наследство на Ромите
-
Физичко техничката култура и спорт
Генерациите да бидат здрави психофизички личности како особен императив на ДСР затоа во наредниот период низ својата програмска активност ќе го помага организираниот спортски живот
-
Здравство
ДСР се залага за ефикасна примарна здравствена заштита и услуги, за забрана на трговија со човечки тела и човечки органи, за помош на старите и болните лица, за активност против: дрога, заразните болести и други видови на зависност и заболувања …
-
Животна средина
Определувајќи се за европски и светски стандарди на животна средина ДСР се определува на создавање на урбанистички животни средини на живеење во Р. Македонија, а тоа значи и соодветно иницирање на конкретни активности за програмско опфаќање во урбанистички планови и планирања на заедниците и на населените места каде живеат Ромите
-
Општествената улога на жената
Местото и улогата на жената во семејството е мошне значајна. Затоа ДСР се определува за рамноправност на половите, а со тоа за создавање на услови за еднакво вклучување на жената Ромка во сите процеси на ангажирање – во планирање на семејство – поголемо образование…
-
Унија на млади сили Роми
Помладокот на ДСР ќе се насочи да ги гаи вредносните принципи на плуралната демократија, мир, толеранција, соживот, натпреварувачкиот дух во полето на културата, науката и техниката при тоа градејќи мостовите на взаемна помош, солидарност и хумано живеење и заедничко дружење
-
Информирање и медиуми
ДСР се залага за целосна транспарентност на својата работа. Потикнување на развитокот на медиумите на Ромски јазик. Создавање на услови за ефикасно информирање на граѓаните преку летоци и друг вид на информативен материјал за својата работа и политичките ставови