Врз основа на Одлуката на деветтиот редовен Конгрес на партија Демократски сили на ромите одржан на ден: 15.01.2023 година во Скопје е усвојен следниот:

С Т А Т У Т

 (ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ)

 ДЕМОКРАТСКИ СИЛИ НА РОМИТЕ

 I. Општи одредби

член 1

 Демократските Сили на Ромите (во понатамошниот текст ДСР), е самостојна политичка партија, чии програмски цели и задачи се усвоени и прифатени на првиот редовниот Конгрес оддржан на ден: 20.10.2007 година

член 2

Седиштето на Демократските Сили на Ромите е во општина Шуто Оризари на улица “Шуто Оризари број 56 (Индира Ганди бр.56)- Скопје.

член 3

Партијата е запишана во Судскиот Регистар на Основен Суд-Скопје, под рег. број 131. ЕРПП бр. 60/07;ПП 70/07.

член 4

  ДСР имат печат, грб и знаме.

Партијата има печат во форма на круг со пречник од 3,5cm.

На печатот во еден круг е испишано :

– кружно е испишано со кирилично писмо името на партијата ДЕМОКРАТСКИ СИЛИ НА РОМИТЕ;

– во средината од печатот е заштитниот знак на партијата во вид на штит на кој на десната горна страна стои со азбука латиница букви DSR додека над него стои звездичка, а на долниот дел од печатот со болдирани букви е испишано краткиот назив на партијата DSR.

член 5

Знамето на партијата е во правоаголна форма со резеде-светло зеленикава боја и димензии во 1:2, на горниот дел е испишано името на партијата Демократски сили на ромите , во средината се наоѓа тркало, а во долниот дел е испишано краткиот назив на партијата со латинично писмо DSR.

Амблемот на партијата е во облик на штит основа со резеде – светло зеленикава боја, во средината има тркало, а на десниот десен агол е испишано со латинично писмо DSR.

член 6

ДСР ќе дејствува, и своите цели и задачи ќе ги остварува преку своите органи на ниво на Републиката и општините преку активности на своите членови.

ДСР може да воспостави соработка со политички партии од други држави со кои има блиски политички програмски определби.

ДСР може да се обединува со други политички партии со кој има исти или блиски програмски и политички цели.

Одлука за обединување на ДСР со други политички партии донесува Претседателството на ДСР Името на обединетата политичка партија се утврдува договорно на обединувачки Конгрес, односно, на Конференција на партиите.

член 7

Работата на ДСР е јавна.

По исклучок органите на ДСР можат да расправаат и да донесуваат одлуки за внатрешно партиски прашања без присуство на јавноста.

член 8

Цели и задачи

Демократски Сили на Ромите се залага за:

• Правна држава, доследно спроведување на законите, правен развој и просперитет на независна и суверена Република Македонија;

• Воздигнување на достоинството и духовните вредности на македонскиот народ, граѓаните на Македонија, и македонската држава;

• Процедури и самостојност во одлучување на судовите;

• Целосно почитување на човековите права и слободи, и вградување на истите низ сите основи на законската легислатива за да се постигне позитивен процес на вградување на системот и механизми кој треба да ги промовираат, афирмираат, и да обезбедат позитивни вредности на заедништвото и мултикултурниот идентитет на Република Македонија;

• Пазарно стопанство и приватна сопственост како темели на економскиот систем;

• Развивање на механизмите за борба против криминалот, корупцијата и политичкото насилство во Република Македонија;

• Овозможување на услови и создавање на цврста основа за заедничко живеење на сите граѓани во Републиката, без оглед на нивната верска и национална припадност;

• Доследно и целосно остварување на уставните и законски права на припадниците на Ромската заедница во рамките на системот;

• Ќе предлага мерки за подобрување и унапредување на условите за живеење, социјална сигурност, здравствена заштита, образованието и културата на Ромите

• Целосно дејствување врз создавање на услови за негување и чување на изворната култура, традициите, фолклорот на Ромите и свеста за нивната национална припадност;

• Грижа за остварување на целосен опфат на генерациите во основно, средно и високо образование на Ромите во Македонија ;

• Грижа за поддигнување на ученичкиот и студентскиот стандард на Ромите;

• Грижа за остварување на социјална и национална рамноправност низ соодветна застапеност во институциите и органите на државата;

• Да предлага и организира други активности и мерки за остварување на програмските цели и задачи.

II. Членување во партијата

член 9

Членувањето во партијата е доброволно.

Член на партијата може да биде секој полнолетен граѓанин, односно полнолетен државјанин на Република Македонија, без разлика не неговото национално потекло, верска определба, пол, социјален и економски статус, кој живее или работи во или надвор од Македонија, кој не е член на други политички партии, кој ќе да даде изјава ( пристапница) за членство во партијата, и ги прифаќа програмските определби, целите и задачите содржани во статутот.

член 10

Членот носи одговорност во случај кога неговата активност која е спротивна на овој статут, програмските определби, целите и задачите на партијата.

Начинот на постапката на утврдување на одговорноста се регулира со правилник.

член 11

Права, обврски и одговорности на членовите се:

• Да учествува во утврдувањето и остварувањето на политиката и работата на партијата;

• Да избира и да биде избран во органите на партијата;

• Да биде информиран за активностите и дејствувањето на партијата;

• Да дава предлози за поуспешна работа, поведува иницијативи и предлага решенија за остварување на целите и задачите на партијата во согласност со статутот и основните програмски и политички ставови на партијата;

• Да се придржува кон програмските документи, статутот и другите акти на партијата;

• Редовно да плаќа чланарина.

член 12

          Членството во ДСР престанува со писмена изјава за истапување или со исклучување.

          Членот на ДСР може да биде исклучен ако постапува спротивно на определбите утврдени со овој Статут и со Програмата на партијата или ја злоупотрбува својата функција.

Одлука за исклучување, или разрешување донесува претседателството на партијата.

   По предлог на извршниот одбор, надзорниот одбор или претседателот на ДСР, согласно Статутот и Правилникот на партијата доколку членот или носителот на функција има сторено повреда на одредби од Статутот , непочитување на партискиот став , неисполнување на партиски обврски и задачи и слично се формира комисија за утврдување на дисциплинска одговорност на членот или функционерот по доставениот предлог, истата се состанува и донесува став /предлог за дисциплинска мерка.

 Истата мерка во писмена форма,со записникот од одржаниот состанок со образложение за направената повреда,ја доставува до претседателството на партијата.

 Претседателството на партијата по доставениот став/предлог на комисијата донесува одлука.

 Одлуката на претседатетелството е конечна.

Одлуката се донесува со мнозинство гласови , и стапува на сила од денот на донесувањето.

Членството на ДСР престанува и со физичка смрт на самиот член, како и со престанување на постоење на партијата.

член 13

Во работата на органите и телата на ДСР можат со покана да учествуваат без право на глас и симпатизери на партијата.

член 14

III. Организациона стуктура на ДСР

            Основен принцип на организирање на ДСР е територијалниот принцип организирајќи се на општинско ниво , на ниво на град Скопје и на Републичко ниво.

член 15

           Територијата на Република Македонија е поделена на четири дела според организирањето на ДСР врз територијален принцип и тоа : јужен, источен, западен и скопски регион.

член 16

          Со одлука на извршниот одбор на партијата може да се организираат комисии, активи, секции, клубови и други облици на дејствување на членовите на партијата.

           Облици на дејствување на членовите на партијата може да се организираат и во странство, во согласност со прописите на соодветната држава.

член 17

Општински организации

        Општинските ограноци на ДСР се организационен облик на поврзување и дејствување на членовите на партијата од подрачјето на една општина.

Органи на општинските ограноци се:

• Собрание на ниво на општина

• Претседателство

• Извршен одбор

• Надзорен одбор

           А) Собранието на огранокот на ДСР е највисок орган на огранокот, а го сочинуваат сите членови на огранокот.

            Собранието се свикува најмалку еднаш годишно по барање на претседателството, надзорниот одбор, а може да се свика и во покус рок.

            Собранието на ниво на општина избира претседател на огранокот и 16 члена претседателството, надзорен одбор од 3 (три) члена како и извршен одбор од 5

 ( пет) члена (а може и повеке) со мандат од 4 години, со право на повторен избор.

            Б) Претседателството на огранокот од своите редови избира подпретседател и технички секретар со мандат од 4 години, со право на повторен избор чии права се утврдуваат со деловник, работи на седници и одлучува со обично мнозинство.

             В) Извршниот одбор на огранокот го сочинуваат 5 (пет) члена од редот на членовите на огранокот се избираат за време од 4 години со право на повторен избор, работи на седници и одлучува со обично мнозинство.

             Г) Надзорниот одбор на огранокот на ДСР кој се состои од 3 (три) члена кои се избираат од Собранието, работи и одлучува на седници со обично мнозинство.

      Надзорниот одбор врши надзор на целокупното работење на огранокот на ДСР.

       Престанокот на членството во органите е согласно член 12 од овој Статут.

 член 18

Организација на ниво на град Скопје

 ДСР има и организирана форма на дејствување на ниво на град Скопје.

Градската организација на ДСР е облик на поврзување и дејствување во градот Скопје.

Органи на Градската организација:

• Собрание на ниво на град Скопје.

• Претседателство

• Извршен одбор

• Надзорен одбор

           А) Собранието на градската организација на ДСР е највисок орган на ниво на град Скопје, а го сочинуваат членови на органите на општинските организации од Скопје.

            Собранието се свикува најмалку еднаш на 4 години по барање на претседателството, надзорниот одбор, а може да се свика и во покус рок.

            Собранието на ниво на град Скопје избира претседател на градската организација и 35 члена претседателството, надзорен одбор од 3 (три) члена како и извршен одбор од 5 ( пет) члена со мандат од 4 години, со право на повторен избор.

            Б) Претседателството на Градската организација од своите редови избира двајца подпретседател и секретар со мандат од 4 години, со право на повторен избор чии права се утврдуваат со деловник, работи на седници и одлучува со обично мнозинство.

             В) Извршниот одбор на градската организација го сочинуваат 5 (пет) члена од редот на членовите на организацијата се избираат за време од 4 години со право на повторен избор, работи на седници и одлучува со обично мнозинство.

             Г) Надзорниот одбор на градската организација на ДСР кој се состои од 3 (три) члена кои се избираат од Собранието, работи и одлучува на седници со обично мнозинство.

Надзорниот одбор врши надзор на целокупното работење на градската организација на ДСР.Престанокот на членството во органите е согласно член 12 од овој Статут.

член 19

Републичка организација

Органи на Демократски сили на ромите на Републичко ниво се:

1. Конгрес на ДСР

2. Централен совет на ДСР

3. Претседателство на ДСР

4. Извршен одбор на ДСР

5. Надзорен одбор на ДСР

1. Конгрес на ДСР

Конгресот на Д С Р е највисок орган на партијата.

Конгресот се одржува секоја четрврта година, а по потреба и порано,

Конгресот го свикува извршниот одбор на ДСР

Извршниот одбор е должен да свика Конгрес и по барање од најмалку една третина од општинските ограноци на ДСР ( Вонреден конгрес).

Барањето за одртжување на редовен или вонреден конгрес се доставува до претседателот на ДСР.

Конгресот на ДСР го сочинуваат:

• 5 членови од Централниот совет предложени од страна на Централниот Совет

• 6 членови од Претседателството предложени од страна на Претседателството

• 1 член од Надзорниот одбор предложени од страна на Надзорниот одбор

• 3 членови од Извршниот одбор предложени од страна на Извршниот одбор

• 9 членови од од Претседателите на општинските организации предложени од страна на Претседателот на ДСР

• Претседателот на Скопската Градска организација

• Претседателот на ДСР

• Подпретседателите на ДСР 4 членови

• Генералниот Секретар на ДСР

На конгресот може да бидат поканети и да учествуваат во нивната работа, без право на глас, претставници на органите на државната власт, на други политички партии и други организации и здруженија на граѓани.

член 20

Одлуката за свикување на конгресот се објавува најмалку 15 дена пред денот определен за негово одржување, а во итни случаи Конгресот/Вондреден Конгрес може да се свика и во покус рок.

На Конгресот се донесуваа заначајни партиски и политички одлуки:

– се дава јавен очет за работата на партијата, постигнати резултати, пропусти и сл.и донесување насоки за понатамошно дејствување.

-се врши избор на централен совет, претседателство, извршен одбор, надзорен одбор.

– се предлагаат кандидати за носители на функции во партијата.

– се врши избор/реизбор на предложени кандидати – носители на функции со мандат од 4 (четири години),

            член 21

Конгресот на Д С Р работи и на:

• Донесување на Програма и Статут на партијата и врши нивни измени и дополувања,

• Избира и разрешува претседател,потпретседател и генерален секретар на партијата,

• Донесува деловник за својката работа,

• Разгледува и други прашања од значење од работата на ДСР

                                                      член 22

Во периодот од најмногу три месеци, а најмалку од еден месец пред одржувањето на изборите за пратеници во Собранието на Република Македонија, и за локалните избори, се оддржува предизборна конвенција на ДСР.

            Одлуката за оддржување на предизборна конвенција донесува извршниот одбор на ДСР со обично мнозинство, каде ги утврдува кандидатите на ДСР за пратеници, градоначалници, советници и одлучува за стапувањето во коалиција со други политички партии за пратеничките и локалните избори.

Конвенцијата ја сочинуваат :Претседателот на партијата ДСР,

потпретседателите,генералниот секретар,претседателот на Скопската партиска област и најмалку една третина претседатели на општинските организација на партијата кој ке ги предложи Извршниот одбор на партијата ДСР.

  член 23

Централниот совет на ДСР

        Централниот совет го сочинуваат 55 члена.

        Централниот совет се свикува најмалку, еднаш на четири години.

        Централниот совет се свикува задолжително пред оддржување на избори за пратениците и на локалните избори, како и поради анализа на резултатите од изборите.

          Извршниот одбор е должен да го свика Централниот совет по барање на надзорниот одбор, од претседателот на ДСР, или од најмалку една третина од општинските ограноци на ДСР.

          Дневниот ред за Централниот совет го предлага органот на ДСР што одлучил, односно побарал негово состанување.

член 24

            Надлешности:

• Ја следи работата на партијата меѓу два конгреса,во согласност со Програмата и Статутот на партијата,и со одлуките на Конгресот,

• Избира членови на Извршниот одбор,при што може да измени најмногу една третини од неговиот состав,

• На Когресот предлага кандидати за пратеници.

• Ја утврдува висината и начинот на плаќање на чланарината

• Разгледува и други прашања од значење за остварувањето на целите и задачите на партијата

• Донесува деловник за својата работа.

член 25

Претседателството на ДСР:

Претседателството го сочинуваат 31 член со мандат од 4 (четири) години, со можност за повторен избор.

Надлежности:

• Претседателството на ДСР го сочинуваат: претседателот на партијата, потпретседателите, генералниот секретар, тех. секретар, благајникот, членовите на извршниот одбор, претседателот на унија на млади сили, претседателот на женскиот актив, претседателот на градската организација и членови од централниот совет.

• Претседателството работи на седници на претседателството.

• Одлуките ги донесува со мнозинство гласови.

• Претседателството ги следи сите политички активности и дејствувања на партијата и по истите донесува став односно одлуки.

• Претседателството ја следи работата на ДСР, со предлагање на мерки за реализација на целите предвидени со програмата;

• Предлага усвојување на општи акти;

• Го усвојува финансискиот план и завршната сметка;

• Одлучува за членување во меѓународни асоцијации во согласност со позитивните прописи;

• Врши и други работи, предвидени со овој статут.

• Донесува одлуки согласно член 12 на овој статут

член 26

  Извршен одбор на ДСР

Извршниот одбор на ДСР го сочинуваат 11(единаесет) члена;

• Претседателот, потпредседателите, генералниот секретар на партијата

• 3(три) членови кои ги предлага централниот совет на партијата;

• Мандатот на избраните членови на извршниот одбор трае 4 години со право на повторен избор на истата должност.

член 27

                 Седниците на Извршниот одбор ги свикува и со нив претседава претседателот на ДСР во случај на негова отсустност, односно спреченост, го заменува еден од потпретседателите или генералниот секретар, по претходно овластување на претседателот.

                 Во работата на извршниот одбор може да учествуваат, без право на одлучување, пратениците во Собранието на Република Македонија и носителите на фунции во органите на државната власт кои се избрани, односно именувани од редот на членовите на ДСР.

 член 28

     Надлежности на Извршниот одбор на ДСР :

• Ги извршува одлуките, ставовите и заклучоците од органите на партијата;

• Учествува во предлагање и утврдување на политиката на партијата;

• Разгледува прашања од внатрешно-партиски организационен и кадровски карактер, и во рамки на своите надлежности, одлучува за нивно решавање, односно поднесува предлози;

• Се грижи за тековното материјално-финансиско работење на партијат

• Ги разгледува иницијативите, предлозите, мислењата и молбите од членовите на ДСР, и комисиите и по нив носи одлуки и заклучоци, односно, превзема соодветни мерки и активности;

• Основа работни тела за разгледување на прашањата од неговата надлежност.

• Извршува и други работи предвидени со Статутот и во согласно со Законот

член 29

IV.Носители на функции во партијата

  Претседателот на ДСР

• Ја претставува и застапува партијата;

• Раководи со партијата меѓу седниците на Извршниот одбор;

• Ги свикува седниците на претседателството на партијата и седниците на Извршниот одбор и раководи со нивната работа;

• Предлага разрешување и избор на одделни членови на извршниот одбор;

• Мандатот на претседателот на партијата трае 4 (четири) години, и има право повторно да биде избран на истата функција;

член 30

   Потпредседателот на ДСР

• По овластување од претседателот на партијата врши одделни работи од негова надлежност;

• Го заменува претседателот на партијата во случај на негова спреченост или отсутсност;

• Ако се избрани двајца или повеќе потпредседатели, претседателот на партијата определува кој од нив ќе го заменува, односно, ќе врши одделни работи од неговата надлежност.

член 31

     Генералниот секретар на партијата:

• Ги подготвува седниците на Извршниот одбор,

• Се грижи за организирањето и остварувањето на внатрешниот партиски живот, и го следи извршувањето на одлуките, ставовите и заклучоците на органите на партијата;

• Ги подготвува седниците на органите на партијата;

• Се грижи за материјално-финансовото работење на партијата.

• Секретарот ја води административната работа во партијата со подготвување на сите списи и документи за седници во партијата.

член 32

Надзорен одбор:

 Надзорниот одбор на ДСР го сочинуваат 3 (три) члена,

   Избор на членови на надзорниот одбор врши Конгресот по предлог на Извршниот одбор,

            Претседателот на надзорниот одбор го избира одборот од редот на своите членови.

            Мандатот на претседателот и членовите на надзорниот одбор трае 4

 ( четири) години, со право на повторен избор.

             Надзорниот одбор за својата работа е одговорен пред Конгресот.

член 33

Надлежности на Надзорниот одбор:

• Ја оценува согласноста на актите и одлуките на ограните на партијата со статутот и програмата на ДСР;

• Го следи и го оценува материјално-финансовото работење на сите органи на партијата;

• Органите на ДСР се должни на надзорниот одбор да му ги стават на увид сите релевантни документи и податоци од неговата надлежност;

• Надзорниот одбор за својата работа поднесува извештаи до Конгресот/Централен совет.

.

член 34

       Секретарот на партијата се грижи за подготвување на целокупната документација во врска со оддржување на седниците на органите на партијата, известување и доставување на одредени материјали на истите.

член 35

Сите организациони единици на партијата, ограноци, градската организација и централното претседателство во својот состав може да основаат активи на жените и младите.

V.Финасирање на партијата

член 36

Се финасира и стекнува од имот:

• Партиска чланарина;

• Донаторства и прилози од членови, и симпатизери од партијата;

• Буџетот на Република Македонија и буџетот на едниците на локална самоуправа;

• Стопанска дејност на партијата;

• Приходи од издавачката дејност на партијата

• Подароци и спонзори

         Материјално-финансовото работење на органите на ДСР се уредува со правилник донесен од извршниот одбор на партијата.

Посебни одредби

член 37

Функцијата на носителите на одредени функции во органите на партијата ДСР престанува со отповикување/разрешување или оставка согласно член 12 на овој Статут.

         Во случај на отповикување, функцијата престанува во моментот на објавувањето на резултатите од гласањето за отповикување, а во случај на оставка, со моментот кога соодветениот орган ќе констатира дека е поднесена оставката.

член 38

          Предлог за отповикување на член на орган или носител на функција на ДСР на републичко ниво може да се поднесе извршниот одбор на ДСР, донесена со обично мнозинство гласови, претседателот на ДСР и надзорниот одбор на ДСР до комисијата за утврдување на одговорност, согласно Статутот и Правилникот на ДСР.

           Предлог за отповикување на член на орган на ДСР на републичко ниво, може да поднесат најмалку 1/3 од регистрирани општински ограноци на партијата.

член 39

             Оставка на функција се поднесува писмено или усмено во органот чиј член е подносителот, со право истата да ја образложи.

член 40

               Централниот совет на ДСР може да донесе одлука за распуштање на општински или градски облик на организрање на ДСР поради негова не активност или сведување на неговата работа на минимум, како и поради неостварување на политичките, програмските и статутарните цели и задачи на партијата, односно поради делување спротивно на истите тие цели и задачи.

член 41

ДСР може да престане да дејствува како самостојна политичка партија, со обединување со друга политичка партија, или врз основа на одлука на Конгресот или Централен одбор на партијата.

член 42

               Одлуката за престанок на дејствувањето на ДСР се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот состав на Конгресот или Централниот совет и истиот решава и за начинот на распределба и користење на имотот на ДСР кој ќе биде доделен на хуманитарна огранизација.

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

член 43

                Изменување и дополнување на овој статут врши Конгресот или Централен совет на ДСР, со мнозинство гласови од вкупниот број на нивниот состав.

член 44

            Актите на органите на ДСР мора да се усогласат со овој статут, најдоцна во рок од 60 дена, од денот на неговото стапување во сила.

член 45

           Овој статут влегува во сила со денот на неговото донесување.

                                                                                                    ПАРТИЈА

                                                                           ДЕМОКРАТСКИ СИЛИ НА РОМИТЕ

                                                                         ПРЕТСЕДАТЕЛ

                                                                          д-р Шабан Салиу

Скопје,¬¬¬¬¬¬¬¬¬¬¬¬¬ 15.01.2023 год.