ПРОГРАМА

на политичката партија

 

   Демократски Сили на Ромите

       Основни цели и задачи на Демократските Сили на Ромите

 

Демократски Сили на Ромите е политичка партија во ( натамошниот текст ДСР) е самостојна политичка партија на граѓаните на Р. Македонија кои имаат избирачко право и се државјани на Р. Македонија и кои слободно и одговорно се определиле да бидат нејзини членови заради остварување на основните политички начела, цели и задачи.

 

Тргнувајќи од интеграционите заложби а со тоа и на заложбите на Ромите во Р.Македонија за слободна интеграција, размена на материјалните и духовните добра и идеи, културно наследство, размена на информации, артикулација на политичките потреби и определби во политичкиот плурализам како и отварање на еднакви можности на сите луге а со тоа и на Ромите во интеграционите процеси во Р.Македонија програмски се определува и залага за:

 

  • Доследно и целосно остварување на уставно самостојна Демократска и социјална држава, и за остварување на нејзиниот неделив, неотуѓив и непренослив суверенитет.
  • Мир, слобода еднакви можности и толеранција, сочување на социјалните,
  • културните белези и идентитет на етничките заедници во Р. Македонија.
  • Целосно почитување и остварување на уставните начела за слободите и
  • правата на човекот и неговото достоинство.
  • Изградба на плуралистичко праведно солидарно и демократско општество.
  • Ќе се залага за постојано подобрување и унапредување на статусот, материјалната,   социјалната, образовната, културната и здравствената положба на Ромите.
  • Остварување на европска ориентација на Р. Македонија и нејзино
  • непосредно вклучување во европските интеграциони процеси.

 

Развивање и унапредување на културната соработка со организации и

  • институции на сите кои живеат во Р. Македонија без разлика на нивната политичка или било каква национална припадност.

 

Поради утврдување на присутните проблеми како и нивното покренување и поставување, како потребите на Ромите за кои треба да се најдат соодветни решенија односно заклучоци како во Р. Македонија така и пред пошироката 5 меѓународна јавност, ДСР ги утврдува следните проблеми, потреби за кои како политичка партија ќе преземе соодветни насоки за нивно прецизно утврдување како и изнаоѓање на соодветни решенија за истите:

– Вработување

– Доквалификување на работната сила кај Ромите

-Вклучување на стручна работна сила кај Ромите во глобалните програмски зафати за намалување за невработеноста.

-Покренување на иницијативи за создавање на мали и средни претпријатија во средините каде живеат Ромите преку глобалните кредитни и други програми за заедницата.

– Покренување конкретни активности кај меѓународните економски и банкарски субјекти за создавање на производствени капацитети како трајна и сигурни основи за разрешување на лошата економска состојба кај Ромите во Р. Македонија.

– Покренување на активност во Собрание и пред Владата на Р. Македонија за донесување на законска регулатива за разрешување на проблемот на социјалната заштита и помош на дел од населението кои нема никаков основ за стекнување на таква заштита поради нерешени проблеми на својот статус или други услови во редовната постапка.

– Покренување на прашањето на економската интеграција на Ромите низ глобалните макро економски програми на Р. Македонија.

– Борба против секаков вид на криминал и корупција.

– Права и слобода на човекот.

ДСР се залага за создавање на економски политички и правен систем во кои ќе бидат гарантирани политичките, економските, социјалните и културните права на човекот и граѓанинот.

– Во таа смисла ДСР ги смета за неотуѓиви и неприкосновени правата на човекот на живот, слобода, имот и безбедност што се загарантирани со уставот на Р. Македонија и го подржува принципот на еднаквост пред законот независно од национална, верска, политичка и социјална положба.

ДСР е определена за гарантирање на правото за слободно мислење, слобода на вероисповед а секако е против политичко дејстување со кое би се овозможило кршење на правата и слободите на човекот.

– Интеграционите процеси во Европа и Балканот а со тоа во Р. Македонија значајно влијание направија врз вкупната социјална и материјална состојба на Ромите во Р. Македонија така што ДСР ќе се залага за:

  1. Остварување на уставниот концепт на социјална држава
  2. Оптимални мерки на социјално законодавство
  3. Програмски зафати за разрешување на социјалните проблеми кои се присутни во државата а со тоа и меѓу Ромите во Р. Македонија

– Насочување на младите во процесот на новите вклучувања низ работните оспособувања за самоегзистенција.

– Покренување на активност за создавање на вистински ресурси за подобрување на условите за стекнување на социјална заштита и помош на населението кој поради административни и други пречки

неможе да ја оствари таквата помош.

– Создавање на можности за нова димензија на проблемите на солидарност хуманост, помошта и разрешување на социјалните проблеми на Ромите во Р. Македонија, сета политичка активност ќе биде насочена да се остварат основи за надминување на влошената социјална положба и влошените услови за живеење во Р. Македонија а со тоа и меѓу Ромите, за да се создадат услови на трудот, на оној дел кој навистина на може тој да биде социјално загрозен.

 

 

Образование

 

ДСР ги подржува реформските процеси во сферата на образованието, но

истовремено ќе се ангажира образованието кај Ромите да се остварува низ

институциите на сите нивоа. Потоа ќе ги покрене прашањата за:

 

  1. Целосен опфат за генерациите во основно, средно и високо

образование.

  1. Подигнување на ученичкиот и студенскиот стандард.
  2. Постојана анализа на остварување на факултативната настава на

Ромскиот јазик, проблемот со наставен кадар понатамошната

литература, стручна литература за овој вид на настава.

  1. Да се направат напори за создавање на кадровски потенцијали во

сферата на образованието.

  1. Покренување на прашањето за формирање на катедра на Ромски

јазик во Педагошкиот факултет, за образување на наставен кадарза основно образование.

  1. Покренување на прашањето за формирање на катедра на Ромски

јазик и литература на Филолошки факултет, за образување на кадар

за институциите и организациите кои ќе се грижат за културниот

развиток и културата на Ромите во Р. Македонија.

  1. Покренување на активности мегу Ромите за надминување на

проблемите на:

– Неписменоста

– Описменување на возрасните

– Дозавршување на основното образование на возрасните

– Предучилишен опфат на генерациите

– Запишување на децата во основно и средно образование

  1. Да се изготват разни анализи осврти и иницијативи за подобрување

на општата образовна положба кај Ромите.

 

 

Култура

 

Во досегашниот развиток на културата и културниот идентитет на Ромите во Р.

Македонија се бележи релативен развиток преку кој се димензионира општиот

културен идентитет на Ромите.

Меѓутоа ДСР се залага за:

 

  1. Развитокот на културата на Ромите во Р. Македонија да добие и да

биде сочинител на општите тенденции на развитокот и постигањата

на Р. Македонија.

  1. Поттикнување и афирмација на културното наследство на Ромите низ

литературата, јазикот, уметноста, науката и медиумите.

 

 

 

 

  1. Грижа и соочување на етно-фолклорното историско наследство на

Ромите како цивилизциско наследство во сегашност низ разни

облици на манифестации и традиционални средби.

  1. Грижа за создавање на услови за развиток на културните дејности

на Ромскиот јазик.

  1. Грижа за развиток на сценско-музичката дејност на Ромскиот јазик.
  2. Грижа за доследно соочување и афирмација на културното

наследство на Ромите во Р. Македонија и негова размена во рамките

на културната соработка и афирмација на човековите културни

традиции во светот.

 

 

Физичко техничката култура и спорт

 

Од особена важност се генерациите да бидат здрави психофизички личности

како особен императив на ДСР затоа во наредниот период низ својата

програмска активност ќе го помага организираниот спортски живот преку

создавање на интерес на генерациите за развиток на:

 

  1. Масовно спортување
  2. Услови за гаење на врвниот спорт
  3. Иницирање на активности за создавање на материјални, финансиски

и други услови за спортување

  1. Иницирање на активности за создавање на традиционални спортски

манифестации

 

 

Здравство

 

ДСР се залага за реактивирање на производствените капацитети и целосно

функционирање на економскиот и стопанскиот систем на државата, а со тоа да

се создадат финансиски средства за остварување на целосно здравствено

осигурување и ефективна мрежа на здравствени институции во

Р. Македонија во таа насока ДСР се залага:

 

  1. Да се поедностави административниот дел на глобалната

неефикасна администрација во здравството

  1. Да се зголеми ефикасноста на пружењето на стручните и другите

здравствени услуги

  1. За целосна позитивна листа на лекови
  2. Забрана на трговија со човечки тела и човечки органи
  3. За ефикасна примарна здравствена заштита и услуги
  4. За намалување на високата смртност кај малите деца
  5. За целосна вакцинација на малите деца
  6. За здравствена едукација на младите генерации
  7. За помош на старите и болните лица .
  8. За активност против: дрога, заразните болести и други видови

на зависност и заболувања

  1. Вклучување во хуманитарните активности на “ Црвениот Крст “ и

“ Полумесечина “ и др.

 

 

Животна средина

 

Определувајќи се за европски и светски стандарди на животна средина ДСР се

определува на создавање на урбанистички животни средини на живеење во Р.

Македонија, а тоа значи и соодветно иницирање на конкретни активности за

програмско опфаќање во урбанистички планови и планирања на заедниците и на

населените места каде живеат Ромите во тие детални урбанистички планови и

планирања за значајно менување на начинот и условите на живеење во

населените места каде живеат Ромите.

 

Општествената улога на жената

 

Местото и улогата на жената во семејството е мошне значајна. Затоа ДСР се

определува за рамноправност на половите, а со тоа за создавање на услови за

еднакво вклучување на жената Ромка во сите процеси на ангажирање, исто така

покренување на прашањата и проблемите на жената како што се:

 

  1. Еднакви можности за вклучување на жената во планирање на

семејство

  1. Создавање на услови за поголемо образование на женската

популација

  1. Рамноправно вклучување на жената во органите и телата на ДСР
  2. Развој на еднаквите можности

 

 

 

Унија на млади сили Роми

 

Помладокот на ДСР ќе се насочи да ги гаи вредносните принципи на плуралната

демократија, мир, толеранциј а, соживот, натпреварувачкиот дух во полето на

културата, науката и техниката при тоа градејќи мостовите на взаемна помош,

солидарност и хумано живеење и заедничко дружење.

 

Информирање и медиуми

 

ДСР се залага за целосна транспарентност на својата работа. Тоа значи дека

нејзините органи и тела со својата работа ќе придонесат за:

 

  1. Создавање на услови за ефикасно информирање на граѓаните преку

летоци и друг вид на информативен материјал за својата работа и

политичките ставови

  1. Создавање на критички конструктивен дијалог во средината и

институциите

  1. Потикнување на развитокот на медиумите на Ромски јазик

 

 

Скопје 15.01.2018  година
Партија Демократски сили на ромите
Претседател
д-р Шабан Салиу