Барање за слободен пристап до информации од јавeн карактер до политичка партија може да поднесе секое домашно или странско физичко или правно лице, и тоа за информациите кои се однесуваат на приходите и расходите на партијата. Пристапот до информацијата може да се побара писмено или усно.
За поднесување на барање по писмен пат потребно е да се пополни Барање за пристап до информации од јавен карактер во утврден образец. Писменото барање може да се поднесе по пошта ул. Индира Ганди бр. 56 Шуто Оризари, Скопје, Македонија или да се достави електронски по е-мејл: Ајдоган Демири – dsrpartija@gmail.com
Најдоцна во рок од 20 дена политичката партија треба да достави одговор до барателот по поднесеното барање за слободен пристап до информации.
Барателот има право на жалба до Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактерво рок од 15 дена од денот на приемот на одговорот на барање, односно 15 дена од истекот на рокот за одговор на барањето.